Волкот во фразеологијата: македонско – руски паралели

Autor(i)

  • Биљана Мирчевска-Бошева Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“
  • Катерина Велjановска Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“

DOI:

https://doi.org/10.15170/SV.1/2025.159

Ključne riječi:

зоонимски фраземи, волк, македонски јазик, руски јазик

Sažetak

Предмет на анализа во овој труд се фразеолошките единици со компонентата волк во македонскиот и во рускиот јазик. Основната цел на текстот е да се прошират сознанијата за семантичките, културните и лексикографските аспекти на овој зооним. Волкот, како традиционално присутен елемент во непосредната животна средина на човекот носи богата симболика и создава мрежа асоцијации кои вариараат од опасност и суровост до моќ и издржливост. Истражувањето се концентрира на корелацијата помеѓу дефинициите на лексемата волк во македонските и во руските толковни речници и нејзината реализација во фразеолошките системи на двата јазика, идентификувајќи семантички доминанти и механизми на трансформација на значењата. Анализиран материјал покажа дека фразеолошката употреба на лексемата волк ја отсликува динамичната интеракција меѓу човечкото искуство, културните стереотипи и перцепцијата на животинскиот свет, формирајќи комплексен систем на симболичко значење. Тие не само што ја одразуваат јазичната креативност, туку и функционираат како огледало на културните кодови и светогледот на народите што ги употребуваат.

Objavljeno

2026-01-04

How to Cite

Мирчевска-Бошева, Б., & Велjановска К. (2026). Волкот во фразеологијата: македонско – руски паралели. SlavVaria, 5(1). https://doi.org/10.15170/SV.1/2025.159

Broj časopisa

Rubrika

JEZIKOSLOVLJE I METODIKA JEZIKA

Similar Articles

1 2 3 4 5 6 > >> 

You may also start an advanced similarity search for this article.