Волкот во фразеологијата: македонско – руски паралели
DOI:
https://doi.org/10.15170/SV.1/2025.159Keywords:
зоонимски фраземи, волк, македонски јазик, руски јазикAbstract
Предмет на анализа во овој труд се фразеолошките единици со компонентата волк во македонскиот и во рускиот јазик. Основната цел на текстот е да се прошират сознанијата за семантичките, културните и лексикографските аспекти на овој зооним. Волкот, како традиционално присутен елемент во непосредната животна средина на човекот носи богата симболика и создава мрежа асоцијации кои вариараат од опасност и суровост до моќ и издржливост. Истражувањето се концентрира на корелацијата помеѓу дефинициите на лексемата волк во македонските и во руските толковни речници и нејзината реализација во фразеолошките системи на двата јазика, идентификувајќи семантички доминанти и механизми на трансформација на значењата. Анализиран материјал покажа дека фразеолошката употреба на лексемата волк ја отсликува динамичната интеракција меѓу човечкото искуство, културните стереотипи и перцепцијата на животинскиот свет, формирајќи комплексен систем на симболичко значење. Тие не само што ја одразуваат јазичната креативност, туку и функционираат како огледало на културните кодови и светогледот на народите што ги употребуваат.